Борисов: Заев и Ципрас во директни разговори можат да најдат решение


Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во директни разговори можат да дојдат до решение за долгогодишниот спор околу името.

Во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека е оптимист и оти ги охрабрува двајцата премиери да седнат на заедничка маса и да го решат проблемот, на начин како што тоа го направија тој и Заев со Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.

Прво на билатерално ниво, како што направивме ние, така и Алексис Ципрас и Зоран Заев треба да го решат прво спорот меѓу нив, вели Борисов.

– Двајцата премиери треба прво на билатерално ниво, како што направивме ние со Заев, потпишавме договор за добрососедство и го ратификуваше Собранието во Скопје, треба и Алексис Ципрас и Зоран Заев прво да го решат спорт меѓу нив, вели Борисов, потенцирајќи дека и Ципрас и Заев се доста сериозни луѓе. Сепак, објаснува дека менталитетот на Балканот е таков што „секоја интервенција, па дури и да е предлог за сoработка, нема да наиде на добар прием, бидејќи не треба да се заборави дека ние на Балканот сме многу топлокрвни нации“.

Од Стразбур, каде што ги претстави приоритетите на бугарското претседатество на ЕУ, Борисов, јавува дописникот на МИА од Атина, Борисов вели дека е оптимист за решавање на спорот со името и им нуди помош на двајцата премиери доколку им е потребна.

– Ги поддржувам нивните меѓусебни разговори, ги познавам, доколку имаат потреба од помош, веднаш ќе им помгнам, но треба двајцата да одлучат, вели бугарскиот премиер.

Софија, како што посочи, сака одлични односи меѓу Атина и Скопје какви што има Бугарија и со двете земји.