Борбата со климатските промени мора да биде порешителна
Обединетите нации, на првиот ден од 24-та годишна Конференција на Обединети нации за климатските промени (ЦОП24) што се одржува во полскиот град Катовице, упатија апел за многу порешителни акции во борбата против климатските промени.
„Последиците од недостиг на регулација на климата никогаш не биле толку тешки и меѓународната заедница треба да направи многу повеќе, за да се бори со нив“, изјави извршната секретарка на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени Патрисија Еспиноса.
аа додаде дека „годинава се очекува да биде една од четирите најжешки години регистрирани до сега“
„Концентрацијата на штетни гасови во атмосферата се на рекордно ниво и емисиите продолжуваат да се зголемуваат. Климатските промени веќе ги засегаат заедниците на целата планета и жртвите, разурнувањата, страдањата што ги причинуваат ја прават нашата работа уште поитна“, наведе Еспиноса.
На Конференцијата, која ќе трае до 14 декември, учествуваат лидери на повеќе од 200 држави.
ЦОП24 е значајна поради тоа што 19 од 20 земји на Самитот на Г-20 изразија поддршка за Парискиот договор за климата од 2015 година. Земјите пред три години во Париз се обврзаа да го ограничат порастот на глобалната температура за повеќе од два степена Целзиусови. Но, досега глобалната температура забележа пораст од еден степен, поради што светот е зафатен од големи пожари, екстремини бранови на топопл воздух и урагани што се многу поразорни поради растечкото ниво на морињата.
Земјите-учеснички во Катовице треба да се согласат на нов правилник прифатлив за сите 183 држави кои го ратификуваа Договорот од Париз.На Самитот на Г-20 беше потенцирано дека Договорот од Париз е „незаменлив“.