Бомбици со лешници, рум и портокал


Потребно е:

1 лажица мед
100 грама мелени лешници
100 грама мелени посни бисквити
50 грама шеќер во прав
1 лажица рум
1 ќесичка ванилин шеќер
1 лажица маргарин
1 кора од портокал
свеж сок од половина портокал
100 грама рендано посно чоколадо
100 грама посно чоколадо
2 лажици масло.

Приготвување:
1. Во сад на оган ставете го медот да се загрее.
2. Во длабок сад ставете ги мелените лешници, бисквитите, шеќерот во прав, румот,
ванилиниот шеќер, маргаринот, ренданото чоколадо, кората и сокот од портокал. Измешајте ги и додадете го медот.
3. Од смесата формирајте бомбици, а потоа ставете ги во замрзнувач најмалку 30 минути.
4. Во меѓувреме, растопете го чоколадото на пареа. Во растопеното чоколадо додадете го
маслото и измешајте.
5. Изладените чоколадни бомбици со лешници, рум и портокал прелијте ги со растопеното
чоколадо и декорирајте ги по желба.