Боливудската ѕвезда Пријанка Чопра проговори за искуството во Холивуд: Изгубив улога поради потемна боја на кожата


САД– Боливудската ѕвезда со холивудска кариера и мис на светот во 2000 година Пријанка Чопра се отвори за нејзините маки во Холивуд како жена со потемна боја на кожа и рече дека минатата година изгубила филмска улога затоа што била со „погрешен“ физички изглед. Во интервју за магазинот „Ин стајл“, Чопра се потсети на шокантниот телефонски повик што го добила од еден од нејзините агенти.

„Тоа се случи минатата година. Конкурирав за еден филм, и некој од студиото му се јавил на еден од моите агенти и му рекол ‘Таа е со погрешен’, кој беше зборот што го употребија?, ‘физички изглед’. Па јас како актерка, во своја одбрана прашав: ‘Треба да ослабам? Да не треба да почнам да вежбам, да направам стомачни мускули?’ Што точно значи погрешен физички изглед?“
Чопра додаде, „И тогаш мојот агент ми ја кажа вистинската причина. Тој рече: „Прај, мислам дека под тоа мислеа дека сакаат некој што не е „кафен“.
Актерката од „Бејвоч“ призна дека инцидентот влијаел на неа, но додаде дека таа сега е чувствува удобно во својата кожа во споредба со времето кога била тинејџерка во Бостон.


Чопра изјави дека расизмот на филмските кастинзи е многу присутен.
„Никој нема да каже дека жената е помалку платена бидејќи е жена со потемна боја на кожа, но бројките сами го рефлектираат тоа“, изјави за „Ин стајл“.
35-годишната актерка се има појавено во многу холивудски филмови и е една од најплатените актерки во Боливуд. Таа исто така се појави на многу насловни страници во 2015 година кога се приклучи на актерскиот тим на „Квантико“.


Чопра, сепак, вели дека сѐ уште гледа сексизам во филмската индустрија.
„Сакам да го дочекам денот кога филмовите што се предводени од жените ќе добијат исто толку публицитет како оние што се предводени од момците, што значи публиката која ги купува билетите мора да биде отворена кон тоа“, вели таа. „Луѓето не одат да гледаат филмови со женски ликови бидејќи не веруваат дека тие можат да бидат херои. Светот мора да го промени начинот на кој ги гледа своите херои. Ништо нема да се смени додека не ги скршиме родовите стереотипи во нашиот нормален, секојдневен живот“.