Блејк Лавли донираше 6,5 милиони долари во накит


САД- Актерката Блејк Лавли, една од најдобро облечените во Холивуд, донираше 6,5 милиони долари во накит. Станува збор за дијамантски гердани, нараквици и прстени на акетрката од златарницата на Лорин Шварц кои ви изминативе годуни ги носеше на гала настани и на црвените килими ширум светот.

На последната промоција во Њујорк, Лавли се појави во неверојатно добар костим во сосема неочекувана флуоресцентна зелена боја, која се чини дека ќе стане голем хит за кратко време.

Позната по одличните комбинации во кои речиси и да нема грешка, таа и овојпат докажа дека е една од најстилските дами во Холивуд со неверојатно добар вкус.

Неодамна, актерката ја отпушти долгогодишната стилистка и засега сама ги избира модните комбинации.

Официјалната премиера на нејзиниот нов филм треба да се случи на 14 септември, а истиот ја раскажува приказната за Стефани, мајка – влогер чиј лик го толкува Ана Кендрик, која ја бара нејзината пријателка Емили (Блејк Лавли) која ненадејно исчезнува од нивниот мал град.