Битолчанка си плаќала сметки за струја со туѓа картица


Полицијата поднесе кривична пријава против битолчанката која со туѓа картичка која претходно ја нашла си плаќала сопствени сметки за струја.

Д.К. (38) од Битола на 1 јуни 2017 година неовластено употребила платежна картичка сопственост на В.Ш. (41) од Битола.

Таа преку интернет ги внела податоците од картичката, која претходно ја нашла, и извршила плаќање на повеќе сметки за струја во висина од 9.185 денари.