Бивот победник на Скопскиот маратон


Еванс Кипкемои Бивот од Кенија е победник на годинашниов Виз Ер Скопски маратон со време од 2:14:08 часа. Второпласиран беше неговиот сонародник Џон Лангат, со време од 2.14.57. Трет беше Руто Кипротич од Кенија со 2.28.58.

По трката Лангат изјави дека се обидел да трча во група со неговите сонародници од Кенија, во одреден дел од патеката да бидат заедно, а потоа секој сам да го одреди своето темпо. Додаде дека сака да учествува и следната година со намера да победи.

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски беше победник во полумаратонската трка со резултат од 1 час, 9 минути и 10 секунди. Атанас Анчевски заврши втор со 1.14.44, а трет беше Милош Ранчиќ со 1.15.56. Од жените во генералниот пласман првите три места ги заземаа Миљана Ристиќ со 1.29.15, Амела Трозиќ со 1.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 1.35.06.

Трката на пет километри беше најмасовна со околу 7.000 учесници. Богдан Цветковски беше првиот победник на Скопскиот маратон, во трката на пет километри. Кај машките натпреварувачи први беа Цветковски, Кристијан Стојани, Леонид Вандевски, а кај жените Греса Бакрачи, Марго Бојаџиева, Викторија Ѓорѓеска.

Александар Кираџиев кој заврши на петтото место е најдобриот македонски натпреварувач со време од 2:42:48 часа.