Библиски сцени по поплавите во Грција (ВИДЕО)


Бројот на загинати во поплавите во Грција се искачи на 16 откако пожарникарите пронајдоа тело на маж во подрум на куќа во местото Неа Перамос.

Спасувачките акции и потрагата по преживеани продолжува, а метеоролозите најавија дожд и во следните денови.

Поплавите оставија неред на улиците во Атина, и во други места во западниот дел од земјата.

Спасувачките акции продолжуваат затоа што уште неколку лица се водат за исчезнати, а метеоролозите најавуваат уште дождови.