Бејл: По заминувањето на Роналдо во Реал е порелаксирано


Велшкиот фудбалер Герет Бејл пред почетокот на новата сезона од Лигата на шампионите истакна дека по заминувањето на Кристијано Ронално атмосферата во тимот на Реал Мадрид е порелаксирана.

– Заминувањето на толку значаен фудбалер носи разлика во тимот. Но, мислам дека сега е порелаксирано. Во преден план е тимот, работиме еден за друг, а не само за еден играч, истакна Бејл.

Тој наведе дека е незадоволен, бидејќи неговиот погодок со „ножички“ против Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите не беше во конкуренцијата за наградата гол на годината.

– Не ми е јасно како мојот гол не се најде на листата. Бев многу лут. Сакам да знам кој ги бира головите. А дали е подобар од голот на Роналдо? Тоа не е прашање за мене, нагласи Бејл.

Наградата од УЕФА за најдобар гол во Лигата на шампионите ја доби Роналдо за сличен погодок.