Бетис го шокираше Милан на „Сан Сиро“


Бетис го шокираше Милан и го победи со 2:1 среде „Сан Сиро“ во натпревар од групата „Ф“ на Лига Европа и го зголеми притисокот врз тренерот на „росонерите“ Џенаро Гатузо.
Шпанците не му ја олеснија задачата на Италијанецот и со головите на крајот на првото на Антонио Санабрија и во почетокот на второто на Џовани Ло Селзо остварија добра предност. На крајот, Патрик Кутроне постигна гол за домаќините..
Во другиот натпревар од групата, Олимпијакос победи со 2:0 како гостин на Дуделанж и ја искомплицира битката за првите две места. Бетис е на првото место на табелата со 7 поени од два натпревари, Милан има 1 помалку. Олимпијакос е 4, а тимот од Луксембург се уште е без бод.
Лига Европа, 3.коло, резултати од 18:55 часот:
Група А
АEK Ларнака – Лудогорец 1 – 1
Цирих – Баер Леверкузен 3 – 2
Група Б
РБ Лајпциг – Селтик 2 – 0
Салцбург – Розенборг 3 – 0
Група Ц
ФК Копенхаген – Славија Прага 0 – 1
Зенит – Бордо 2 – 1
Група Д
Андерлехт – Фенербахче 2 – 2
Спартак Трнава – Динамо Загреб 1 – 2
Група Е
Карабак – Ворскла 0 – 1
Спортинг Лисабон – Арсенал 0 – 1
Група Ф
Милан – Бетис 1 – 2
Дуделанж – Олимпијакос 0 – 2.