Беспрекорен италијански стил за мажи: Да и Не


Што ви паѓа прво на ум кога ќе помислите италијански стил? Дали нешто беспрекорно, префинето и тренди? Само кога ќе прочитате „Made in Italy“ звучи многу посимпатично од „Made in China“, зарем не? Италијанскиот стил се поврзува со нешо луксузно, квалитетно и модерно.

Облекувањето како за на насловна страница им е во крвта на Италијанците, па од нив лесно може да научите како да изгледате стилски.

Доза на лежерност

Италијанците имаат термин „la sprezzatura“ кој посочува на одредена небрежност во стилот. Мажите во Италија сакаат да се чувствуваат комфорно кога се движат, па така нивните палта и јакни зрачат со некоја лежерност. Со тој стајлинг ќе ви биде пријатно на состанок, но и на прошетка низ центарот на градот.

Експериментирање со боите

Кој кажа дека розовата и виолетовата боја се резервирани само за жените? Италијанците им се смеат на стереотипите од овој вид. Тие комбинираат кошули во силни бои со костими во неутрални бои. Тие можат да износат и сериозен деловен имиџ со шарено џемперче, префрлено преку рамениците.

Модни додатоци

Масивен спортски часовник, мало шамивче во џебот на палтото, витниџ очила за сонце, ремен во бојата на чевлите се само дел од модните додатоци кои Италијанците ги обожаваат. Со помош на таквите детали тие за себе креираат тренди изглед.

Кравата врзана на италијански начин

Многу Италијанци уште додека не ги закопчале најгорните две копчиња од кошулата, веќе ставаат кравата. Тие ја врзуваат на уникатен италијански начин со двоен јазол. Двата дела од краватата се видливи и потенкиот дел го оставаат подолг од подебелиот.

Кратки чорапи

На Италијанците фетиш им се чорапите и нивните фиоки се преполни со разни модели и дезени. Сепак, најмногу ги сакаат кратките чорапи, кои даваат впечаток дека чевлите ги носат на боса нога. Изгледа чудно, но стилски.

Бели панталони

Не е реткост да видите Италијанец облечен во бели панталони. Бојата е непрактична, но дава некоја свежина и совршено ги неутрализира другите бои, па ви дозволува да експериментирате со изборот на палто.