Бесплатен паркинг во катната гаража кај „Беко“


Поради кастрење на гранките во Центар, утре ќе има бесплатен паркинг за возилата во катната гаража кај „Беко“, информира Град Скопје.

„Утре, 16 февруари, екипите на ЈП ‘Паркови и зеленило’ и ЈП ‘Градски паркинг’ ќе спроведат акција за кастрење гранки на отворени паркинзи на повеќе локации во Центар. Оваа акција на кастрење гранки ќе се спроведе на следниве паркинзи: паркинг А5 (ул. Орце Николов бр. 20, 29 и ББ, ул. Скопска бр. 9), паркинг А6 (ул. Максим Горки бр. 1, 3, 3а, 5, 7, 8а, 9, 10, 11, 14, 16, 16а, 17, 18, 19, 20 и 21, ул. 8 Ударна бригада бр. 2, 20, 20а, 20б, 24 и 31а, ул. Васил Главинов бр. 7а и 7б, ул. Скопска бр. 9, 9а, 15 влез 1 и 2, ул. Лермонтова бр. 3 и ул. Никола Вапцаров бр. 2, 8 и 18), паркинг А1 (бул. ВМРО бр. 1 влез, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и бр.3) и паркинг А3 (ул. Даме Груев бр. 7 блок 4 со влезовите од 2 до 9 и ул. Вељко Влаховиќ бр. 21 и 23)“, соопшти Град Скопје.

Од таму додаваат дека поради организирање на акцијата горенаведените паркинзи ќе бидат затворени, а станарите и правните субјекти што се паркираат на овие паркинзи може да се паркираат на катната гаража кај „Беко“ во текот на денот.

„Акцијата се спроведува заради овозможување поголема видливост на возачите, ослободување на патната сигнализација и поголема прегледност и безбедност во сообраќајот. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период за што ќе бидете навреме информирани“, се вели во соопштението.