Беса пред распад: Свикани два конгреса, раководството поделено
Опозициската партија Беса денеска одржа два паралелни собири на највисокиот партиски орган,Централниот совет, најавувајќи сериозен раскол во своите редови. Делови од Централниот одбор на Беса, во кои доминираа членовите на скопското и тетовското крило на партијата, денеска во Скопје и Тетово оддржаа собири на кои беа донесени дијаметрално различни одлуки. На првиот од лидерската позиција е сменет Билал Касами,заради,како што беше кажано, политичкиот пад на партијата, а на вториот е донесена одлука за свикување конгрес до кој со партијата и натаму ќе раководи актуелниот лидер.
Паралелните собири следат откако вчера оставка на својата потпретседателска функција во партијата поднесе експратеникот Зеќирија Ибрахими, најавувајќи турбулентен период, чиј епилог засега тешко ќе може да се предвиди.
На седницата на Централниот совет оддржана во Скопје, на која присуствувале 64 од вкупно 106 членови на овој највисок партиски орган, од функцијата е сменет лидерот Билал Касами, наводно заради непочитување на партискиот статут. За привремен претседател на партијата е назначен најстариот партиски функционер,пратеникот Неџбедин Каремани. Од собирот во Скопје за 21 февруари е закажан и Конгрес на партијата, на кој ќе треба да се избере новото раководство.
-Централниот совет денеска дискутираше и за одговорноста на претседателот на движењето, за резултатите на локалните избори и одговорноста за блокирањето на сите партиски органи во текот на изминатите два месеца од страна на претседателот, како и за непочитувањето на статутот на партијата од негова страна. Поради ова Централниот совет на Беса со мнозинство гласови одлучи да го разреши Биљал Касами од функцијата претседател, изјави на прес конференција во Скопје, Орхан Муртезани,
Во Тетово, пак, се оддржа вториот дел од Централниот одбор, во кој доминираат членови од тетовското крило на партијата, предводено од Касами. Тие донесоа одлука конгресот да се оддржи на 24 февруари,а дотогаш со партијата и натаму да раководи актуелниот претседател Билал Касами.
На парламентарните избори во декември 2016 година движењето Беса освои пет пратенички места. Пред локалните избори, со најавите на своите градоначалнички кандидатури,Касами и Ибрахими поднесоа оставки на своите дотогашни пратенички функции.