„Бернајс пропаганда“ со нов музички материјал


Македонскиот музички состав „Бернајс пропаганда“ издаде нов материјал под наслов „Ништо нема да нè раздели“. Содржи три нумери кои се снимени во „Студио 1060“ со новата постава на бендот. Покрај вокалистката Кристина Горовска, Васко Атанасоски и Дени Крстев, на овој материјал работеа и Раде Јордановски и Кристијан Лафазановски, а како гости се појавуваат Тони Китановски и Мајк Ват.

„Ништо нема да нè раздели“ излезе на 12 декември под етикетите на „Moonlee Records“, „Geenger Records“, „Поп депресија“ и „Балкан Велики“.

Како што информираат од бендот, ова е најава за новиот албум „Втора младост, трета светска војна“.

За песната „Мојата Марија“, која е дел од последното издание на „Бернајс пропаганда“, снимен е и видеоспот во режија на Милан Блажевски.