Бензините поскапуваат, дизелот останува со иста цена


Регулаторната комисија за eнергетика ги објави новите максимални цени на горивата – бензините поскапуваат за 0,5, односно 1 денар додека цената на дизелот останува непроменета.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.98 проценти.
Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0,5, односно 1 денар, и еден литар од овие горива ќе чини 62,50 односно 64,50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува иста и еден литар дизел гориво ќе продолжи да чини 60 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.