Бензема ќе се оперира во недела, сака да игра во сабота против Севиља


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе биде опериран во недела, откако доби фрактура на десната рака за време на мечот со Бетис, потврдија од „Марка“.

Францускиот стрелец сепак изрази желба да игра во сабота против Севиља, а еден ден подоцна да се подложи на интервенцијата. По неа, Карим ќе биде аут од терените околу две недели.

„Лос Бланкос“ имаат големи проблеми во нападот, каде повредени се Герет Бејл, Марко Асенсио и Маријано Дијаз.

Бензема се очекува да остане надвор од групата за вечерашниот меч со Леганес – реванш за Купот, кој изгледа протоколарен, откако првиот заврши со победа од 3:0 за „кралевите“.