Белгијците ќе се обидат еден месец да не пијат алкохол


Во Белгија е покрената кампања со која граѓаните се повикуваат да се откажат од алкохолот во текот на февруари.

Иницијативата наречена „Tournée Minérale“, покрената од Фондот за борба против рак и стручниот центар ВАД за алкохол и дрога, ја поддржаа и некои ресторани кои нудат специјални безалкохолни коктели.

Истражувањето, кое го спроведе Универзитетот во Гент, покажа дека лицата што учествувале во кампањата минатиот февруари консумирале помалку алкохол од останатите месеци во годината.

Околу 120.000 луѓе се пријавија за учество во кампањата. Учесниците изјавија дека дефинитивно помалку пиеле откако еден месец се откажале од алкохолот.

Како што е наведено во резултатите од истражувањето, луѓето што секојдневно пиеле и вообичаено консумирале 10 или повеќе алкохолни пијалаци неделно изјавиле дека помалку пиеле по кампањата, по што бројот на пијалаци го намалиле на осум неделно.