Бекир Асани од ДУИ нападнал полицајка


Поранешниот прв човек на чаирскиот огранок на ДУИ, Бекир Асани уште еднаш се најде во полициските билтени откако утрово нападнал полициска службеничка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 10 часот на крстосница од булеварот „Гоце Делчев“ и „Филип Втори“ кај скопски Битпазар кога специјално возило „пајак“ подигнало возило „ланд ровер“. Асани инсистирал возилото да биде спуштено, по што влегол во расправија со полицајката, а на крајот и вербално и се заканувал. Морале да интервенираат и други полицајци за да ја смират ситуацијата. Од МВР ги демантираат гласиштата во јавноста дека Асани и физички ја нападнал полициската службеничка.

„Се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од Министерството.