Бекам oснова фудбалски клуб во Мајами


Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија Дејвид Бекам денеска основаше фудбалски клуб во Мајами, кој ќе биде 25-от во американската МЛС лига.

Тој во февруари 2014 година ја искористи опцијата од договорот со поранешниот клуб Лос Анџелес Галакси да ја купи франшизата по намалена цена и успеа да ја доведе МЛС лигата во Мајами.

Клубот се уште нема име ниту грб, а ќе игра на стадион со капацитет од 25 илјади места.

– Презадоволни сме, благодарни и возбудени. Ветувањето до нашите навивачи ширум светот е едноставно: вашиот тим секогаш ќе настојува на теренот да ве направи горди, нашиот стадион ќе биде место кое сакате да го посетувате, а нашето влијание на заедницата и младата јужна Флорида ќе биде големо, изјави Бекам.

Мајами од 1998 до 2001 година имаше МЛС франшиза, но клубот Мајами Фјужн го напушти градот поради слабата посетеност на натпреварите.

Во текот на последните четири години, Бекам имаше многу проблеми за да основа клуб, пред се поради локацијата за изградба на стадион на југот на Флорида поради противењето на локалното население.

Со тим инвеститори, Бекам во декември 2015 година купи земјиште за изградба на стадион, кој се наоѓа во Овертаун, округ Мајами.

Бекам, кој се придружи на ЛА Галакси од Реал Мадрид во 2007 година, станува првиот поранешен играч на МЛС кој поседува свој тим во таа лига