Без изненадување: ВМРО-ДПМНЕ остава секој сам да одлучи


По речиси петчасовни дебати во Извршниот и Централниот комитет,  ВМРО-ДПМНЕ ја донесе одлуката што се очекуваше во политичките кругови. После 22 часот раководството на партијата официјално ќе соопшти дека ќе остават секој граѓанин сам да одлучи  дали и како ќе гласа на референдумот за името на 30 септември. Партијата сепак ќе води активна кампања но нема да ги насочи граѓаните да бојкотираат или да гласат „ЗА“ или „Против“ Спогодбата од Преспа. Нивните активности пред се ќе бидат насочени кон укажување од штетноста на договорот како и од лошите политики што ги води владата на Зоран Заев.

(Г.А.)