Бегал од контрола во автобус на ЈСП го турнал и го повредил контролорот


Во неделата, околу 13.50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на булевар „Партизански oдреди“, при излегување од автобус на ЈСП, М.Џ.(32) од Скопје, обидувајќи се да избегне контрола на билет, го турнал В.С.(43) од Скопје, контролор во ЈСП, кој се здобил со тешка телесна повреда.
На В.С. му била укажана лекарска помош во Градска општа болница „8-ми Септември“.
М.Џ. бил повикан во Полициската станица Карпош и со него бил извршен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.