Бебе почина на Нова Година


Новороденче старо само десет дена починало ноќеска, објави полицијата.

Според МВР, лекар утрово во 7. 30 часот пријавил дека во село Трипатница, во ромската населба, во семејниот дом, починало новороденче.

Смртта настанала околу три часот, веројатно поради задушување. Известен е Јавен обвинител, а телото на новороденчето е предадено за обдукција.