Бартомеу сака да го врати Нејмар во Барселона


Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, е подготвен да го врати Нејмар на „Камп Ноу“, објавија шпанските медиуми.

„Ми се допаѓа кога најдобрите играчи настапуваат во Шпанија, и, се разбира, ќе бидам отворен за повторно потпишување договор со Нејмар“, изјави Бартомеу.

Бразилецот минатото лето за рекордни 222 милиони евра се пресели од Барселона во ПСЖ, каде не ја заврши сезоната поради повреда.

За Нејмар голем интерес пројавува и Реал, а според најавите од Париз, раководството на ПСЖ нема лесно да се откаже од својата прва ѕвезда.