Барбра Стрејсенд прозборе за темната страна на Холивуд: Бев злоупотребена од медиумите


САД– Актерката, пејачка и активистка Барбра Стрејсенд изјави дека никогаш не доживеала сексуална злоупотреба, но се почувствувала злоупотребено од медиумите.

За време на емисијата посветена на децениската кариера на Стрејсенд, продуцентот и долгогодишниот обожавател Рајан Марфи ѝ поставуваше прашања за нејзината кариера, #MeToo движењето и нејзината одбивност кон интервјуата.
„Никогаш не сум била сексуално злоупотребена“, одговорите таа. „Јас не бев како останатите убави девојки со нивните убави мали носови. Можеби таа била причината.“


Таа ја призна моќта на протестите против родовата нееднаквост која владее во Холивуд и целокупното општество.
„Се наоѓаме во време кога стрелките меѓу мажите и жените се движат од еден правец во друг, но кога-тогаш ќе мора да се најдат во центарот,“ рече Стрејсенд на настанот за медумите викендов пред преполната сала.
Нејзината одбивност да разговара со медиумите се основа на години на таканаречено неточно известување, вклучувајчи ја и сторијата во која се вели дека таа има „соба за награди“ во својот дом, посветена на нејзините Оскари, Еми награди и останати трофеи. Но, покојниот новинар Мај Валас ја доби најострата критика.


Стрејсенд изјави дека кога таа била млада ѕвезда (пред Валас да се приклучи на емисијата „60 минути“), тој ѝ поставил навредливи прашања за време на телевизиско интервју, по што таа му се јавила да се пожали. Но во следното шоу, тој им кажал на своите гледачи, кои се противеле на неговиот однос кон Стрејсенд, дека на неа ѝ се допаднало интервјуто.


„Си помислив, не знам што е силување на состанок, сигурно е ужасно… Но, и ова беше огромна злоупотреба“, рече таа. „Зошто излажа?“
Стрејсенд вели дека бара контрола во нејзината работа, но само во однос на нејзината уметност во која се вклучени режијата, глумата и продукцијата на телевизиски филмови, меѓу кои е и филмот од 1995 година именуван „Служење на тишината: Приказна за Маргарет Камермајер“, во кој се работи за анти-хомосексуална дискриминација во армијата.
Марфи, кој призна дека дека има трема пред да започне разговорот со ѕвездата на „Забавна девојка“ и телевизиските емисии од 1066 година „Обоиме ме Барбра“, изјави дека ја има кариерата благодарение на неа.
„Луѓето зборуваат за Барбра како најголемата женска ѕвезда. Јас велам „Не, тоа не е доволно“, вели Марфи, нарекувајќи ја пионер за оние кој не се вклопуваат во стандардите. „Таа беше критериум, светлина која ја следев целиот мој живот.“
Стрејсенд е исто така позната по нејзиниот политички активизам во служба на демократските кандидати и прашањата поврзани со правата на хомосексуалците. Дваесет години е во брак е со актерот Џејмс Бролин.