Банкет во чест на Нобеловците: Шведските принцези со историски тијари


Шведска- Принцезите Викторија и Софија од Шведска блескаа со свечени тоалети и историски тијари на банкетот во чест на нобеловците во Стокхолм. Принцезата Викторија, најстарата ќерка на кралот Карл Густав  облече колоритна балски фустан што го носела мајка ѝ, кралицата Силвија за истата церемонија, во 1995 година и дијамантски тијара и обетки кои датираат од 1905 година.

Снашката, принцезата Софија која е мажена за најмладиот брат на принцезата Викторија- принцот Карл Филип, облече едноставна тоалета во корална црвена боја со скапоцена тиара која ја носеше на свадбата со принцот Карл Филип.

Принцезата Медлин на присуствуваше на церемонијата.