Балотели: Ќе беше поинаку да бев бел


Италијанскиот фудбалски репрезентативец Марио Балотели верува дека ќе имал поинаков третман и кај навивачите и во екипите, доколку имал светла боја на кожата. Балотели се сеќава на неколку примери на расизам кои ги претрпел на фудбалските натпревари.

„Се разбира, ако бев бел, тогаш ќе имав помалку проблеми. Се сеќавам кога пред девет години на натпреварот Јувентус-Интер ме нарекуваа ‘мајмун’ и ‘негро’. Ми порачуваа ‘Врати се во Африка’ и сл. Ме имаат гаѓано со банани. Сепак, јас сум задоволен што добивам многу писма од деца кои ме гледаат како нивни идол кој се бори против расизмот“, изјави напаѓачот на Ница.

Балотели по пауза од четири години се врати во репрезентацијата на Италија.