Балотели: Созреав, заслужувам шанса во репрезентацијата


Напаѓачот на Ница, Марио Балотели, призна дека очекувал повик за репрезентацијата на Италија за пријателските натпревари.

Италијанската репрезентација одигра контролни натпревари со Аргентина и Англија, а Балотели смета дека во изминатиот период направил доволно за селекторот Луиџи ди Бјаџо да му даде шанса.

– Да бидам искрен, очекував да се вратам во репрезентацијата. озреав, имам 27 години и две деца. Времето за излегување со девојки е одамна завршено за мене, истакна Балотели.

Популарниот „Супер Марио“ има постигнато 13 голови на 33 натпревари за италијанската репрезентација, меѓутоа во националниот тим не е повикан од Светското првенство во 2014 година.