Балотели и официјално нов играч на Олимпик Марсеј


Италијанскиот фудбалер Марио Балотели е официјално нов фудбалер на Олимпик Марсеј.

Балотели во Марсеј пристигна од Ница, каде што го загуби своето место во тимот поради лошите односи со тренерот Патрик Виера.

Контроверзниот Италијанец ќе биде позајмен во Олимпик Марсеј до крајот на сезоната.

Во првите две сезони во Ница тој покажа завидна форма со 42 гола во 64 настапи, но оваа сезона не се запиша во листата на стрелците во 10 натпревари под водство на Виера, кој во Ница дојде како шеф на стручниот кадар во 2018 година.

Дваесет и осум-годишниот напаѓач претходно играше за Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул.