Ахмети: Овој Божиќ го означуваме во многу важна година за нашата земја


Претседателот на Демократската унија за интеграции (ДУИ) Али Ахмети упати честитка до православните верници по повод христијанскиот празник Божик.

– Нашите најдобри и најискрени честитки за големиот Христијански празник со искрени желби за среќа, здравје и бериќет во вашите домови. На овој свет ден на раѓањето и зајакнувањето на вербата, во нашите срца повторно нека се роди надежта за иднината, сите да ги соединиме напорите и посветеноста за исполнување на очекувањата, што ќе не направи едно пристојно општество за да станеме дел од големото европско семејство, се наведува во честитката.

Овој Божик, се вели натаму, го одбележуваме во една многу важна година за нашата земја, еден момент кој ги отвара сите можности за евроатланската интеграција на земјата, заедно да ги надминеме сите вештачки препреки и во духот на довербата, разбирањето и соработката заедно да чекориме кон патот на напредокот и благосостојбата.