Атлетико против Реал за првпат надвор од Европа


Екипите на Атлетико и Реал Мадрид ќе се соочат еден со друг на пријателски натпревар на „Интернационалниот куп на шампиони“, пренесе „Спортс Илустрејтед“.

Дербито на Мадрид за прв пат во историјата ќе излезе од Европа и ќе се игра во САД.

Дуелот е закажан за 26 јули на стадионот „Метлајф“ во Источен Радерфорд, Њу Џерси.