Атлетико Мадрид ќе доби 26 милиони евра од УЕФА


Атлетико Мадрид ќе добие од Европската фудбалска федерација (УЕФА) повеќе од 26 милиони евра за учеството во евро-куповите оваа сезона.

„Јорганџиите“ за освојувањето на Лига Европа по синоќешниот триумф над Марсеј (3:0) ќе добијат 6,5 милиони, за учеството во полуфиналето 1,6, а за партиципирањето во четвртфиналната фаза еден милион.

Покрај овие средства, Атлетико од УЕФА ќе добие 16 милиони евра за учеството во групната етапа од Лигата на шампионите во првиот дел од сезоната.