Атлетико Мадрид остана без половина тим


Tренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне најверојатно ќе располага само со 12 фудбалери за следниот натпревар на тимот, кој го игра дома против Депортиво Ла Коруња, објавија медиумите во Шпанија.
Хозе Хименез се повреди вчера уште во 5-тата минута на контролниот натпревар меѓу Уругвај и Велс. Така тој се приклучи на отсутните поради казни Витоло и Антоан Гризман и повредениот Филипе Луис. Освен тоа, на крајот на февруари клубот го напуштија Караско, Гаитан и Моја.
Голманот Јан Облак беше ослободен од кампот на Словенија поради болките во раката, со кои се соочува во последно време.
Во пријателски натпревари ширум светот настапуваат Ернандес, Стефан Савиќ, Симе Вршаљко, Саул, Коке, Анхел Кореја, Диего Кошта, како и казнетиот Гризман.
Симеоне засега има само четворица дефанзивци, петмина халфови и тројца напаѓачи за натпреварот в недела.