Астори починал од срцев удар


Денешната аутопсија на Давиде Астори ја потврди медицинската прогноза дека италијанскиот дефанзивец починал од срцев удар.
Главниот обвинител на Удине, Антонио де Николо за италијанските медиуми изјави дека срцето на фудбалерот „постепено се забавувало, додека целосно не сопрело“.
Астори ќе биде погребан во четврток во базиликата Санта Кроче во Фиренца.
Капитенот на тимот од Фиренца почина во недела.  Тој не се разбудил од сон во хотелот во Удине, каде што Фиорентина требаше да го одигра натпреварот со Удинезе.