„Архангел“ ќе настапи на Вевчански карневал


Македонскиот рок бенд „Архангел“ ќе настапи на годинешното издание на Вевчанскиот карневал, потврдија организаторите.

Вевчанскиот карневал традиционално ќе се одржи од 12 до 14 јануари, а наскоро ќе биде објавена и целосната програма.

Карневалот е стар најмалку 1.460 години и секоја година се одржува празнувајќи го Св. Василиј Велики.

На тој ден се дочекува новата православна година, а се испраќа старата. Инаку, тој е пагански обичај кој тука се сочувал сè до денешни дни. Учесниците во него се нарекуваат василичари. Тоа се маскирани поединци и групи од сите возрасти организирани по маала.