Арта Марку сепак избрана за нов државен обвинител на Албанија


Нов државен јавен обвинител на Албанија е Арта Марку, која и покрај тензичната атмосфера и противењето на опозицијата беше избрана со гласовите на владејачкото мнозинство.

Четириесет и едногодишната обвинителка од северниот албански град Скадар беше избрана со 69 гласови и на оваа функција е со привремен мандат.

Набргу треба да се конституира новиот Висок совет на обвинители под чија надлежност,според Уставот е изборот на државен јавен обвинител.

Изборот и давањето заклетва беше во сала преполна со чад а опозициските пратеници кон местото каде што стоеше Марку фрлаа пластични шишиња,кои беа пречекувани од гардистите со чадори.

-Опозицијата не е таа што може да спречи избор на обвинител избран по законски пат.Тоа е привремен мандат, -порача спикерот на парламентот Грамоз Ручи.