Арсенал му нанесе прв пораз на Манчестер Ј. во Премиерлигата со Солскјер


Арсенал го нанесе првиот пораз на Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер во Премиерлигата. „Точиите“, во дербито на 30. коло, ги победи „црвените ѓаволи“ на „Емирати“ со 2:0.

Во 12. минута Гранит Џака постигна гол по извонреден удар од левата страна, а Пјер Емерик Обамејанг реализираше од пенал во 69. минута.

Фудбалерите на Оле Гунар Солскјер создадоа неколку добри позиции, но голманот Бернд Лено одлично бранеше и не дозволи топката да заврши зад неговиот грб.

Со овој триумф, Арсенал се искачи на четврто место во Премиерлигата со 60 поени, две повеќе од Манчестер јунајтед и три од Челзи.