Арктикот се топи побрзо од секогаш (ВИДЕО)


Американските научници објавија ново истражување кое покажува дека ледот на Арктикот се топи побрзо од кога било досега, пишува „Гардијан“.

Членовите на Националната агенција за истражување на океаните и атмосферата (НОАА) објавија годишен извештај за промената на климата на Арктикот. Наведуваат дека таканаречениот пермофраст, односно „вечен лед“ се топи пребрзо.

Забележано е послабо загревање отколку во рекордно топлата 2016 година, но фрапантно е што најсеверниот дел се загрева двојно побрзо отколку остатокот на светот. „Ова загревање достигна степен невиден во модерниот свет“, предупредува студијата.

Научниците потсетуваат дека тоа што се случува на Арктикот, не останува само таму, туку влијае врз целиот свет.

Овие драматични промени се случуваат паралелно со зголемувањето на учеството на јаглерод диоксид во атмосферата.