Арифи: ЗСО ќе биде според Уставот,гарантира косовската влада


Шефот на косовската делегација во дијалогот со Србија, Авни Арифи,изјави дека непоколебливо е барањето на Косово, Србија да ги спроведе постигнатите договори во Брисел.

Гостувајќи во емисијата „Инфо магазин“ на телевизијата Клан Косова тој нагласи дека двете држави нема што повеќе да разговараат за Заедницата на српски општини,бидејќи и официјален Брисел потврдил дека таа ќе се формира во согласност со Уставот на Косово и одлуката на Уставниот суд.

– Постигнати се повеќе договори. Некои се спроведени, некои се блокирани. Ја добив оваа обврска  со идејата дека мојот мандат ќе биде за спроведување на старите договори. Верувам дека како Косово го достигнавме нивото за финализирање на овој процес, бидејќи не можеме да одиме во процес кога договорите потпишани во 2011 година не се спроведуваат дури и денеска, изјави Арифи.

Посочува дека во Брисел биле трипати, првиот пат средбата не се одржала,поради убиството на Оливер Ивановиќ, додека во февруари и март имале две средби. На нив се разговарало околу спроведувањето на преостанатите договори: формирањето на ЗСО,прашањето за енергетката, интегрираното менаџирање на границте,мостот во Митровица,правосудството и слободното движење.

– Со Србија имаме меѓудржавни договори гарантирани од европската заедница.Сметам дека е грешка што овој процес не се одржуваше одделно од другите процеси. Потпишаните договори треба да се спроведат,бидејќи нема ни една причина тоа да не се случи. Ние бараме почесто да се среќаваме и да зборуваме за енергетиката.Неприфатливо е овој договор да не се почитува,како  и мостот во Митровица да биде затворен. И неизградбата на гранични премини исто така. Ние не ги викаме Србите во Брисел да зборуваме за ЗСО туку за други договори кои не се спроведуваат,-нагласува Арифи.

Таа вели дека српските власти сакаат ЗСО да ги помине и компентенците на Република Српска.

– Но, ние, владата на Косово, сме гаранција дека тоа нема да се случи. Статутот и директивите ќе одат до Уставниот суд,-вели шефот на косовскиот преговарачки тим.