Апелација го одби барањето за изземање на Јанева


Апелација го одби барањето на одбраната на Никола Груевски за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за случајот „Тенк“.

Образложението е дека барањето е неосновано.

На седницата не присуствуваат Груевски, како и неговите бранители Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Данчо Анаков и Боро Тасевски, кои го известиле Судот дека се спречени да дојдат бидејќи се ангажирани на други предмети во Кривичниот суд. Ѓоко Поповски и неговите адвокати дојдоа во Алецискиот суд.

Веднаш на почетокот судиите информираа дека одбраната на Груевски побарала изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева. Обвинителот Гаврил Бубевски, забележа дека во законот нема основа за такво барање, по што беше дадена пауза за Судечкиот совет да реши како ќе продолжи седницата.

Груевски и Поповски пред Судечкиот совет треба да ја образложат поднесената жалба, но Груевски вчера на прес-конференција во Собранието на РМ најави дека нема да се појави на седницата ниту тој ниту неговите адвокати зашто, како што рече, и онака одлуката е политички веќе донесена.

Груевски обвини дека власта води политичка хајка против него, а судиите се професионални, но работат, како што рече, под притисок.

 

Г.А.