Анџелина Џоли пак ќе мириса на „Герлен“


САД– Актерката и активистка Анџелина Џоли (42) се врати во рекламната кампања на францускиот бренд „Герлен“ , сега како заштитно лице на новиот парфем „Mon Guerlain Florale “. Парфемот е цветен со нагласени ноти од лаванда, ирис и бергамот.

За фотосесијата, Џоли позираше во дизајнерски креации од реномирани модни куќи како „Ели Сааб“ и „Џамбатиста Вали“.
Актерката на рекламата е со нагласен црвен кармин на усните, и тетоважите долж телото се во преден план. Фотографиите се на Том Мунро.
Нејзиниот екссопруг, актерот Бред Пит лани влезе во историјата како прв маж кој стана заштитно лице на најпознатиот женски парфем на светот, култниот “Шанел број 5”.