Анџелина Џоли е глобален граѓанин на годината


САД- Актерката Aнџелина Џоли вчера на церемонија во Њујорк беше наградена за својата хуманитарна работа. 42-годишната хуманитарка беше почестена со наградата за Глобален Граѓанин на Годината, на хуманитарната асоцијација Correspondents.

Џоли изгледаше како во долга елегантна црно-бела тоалета на Ралф и Русо која го истакна нејзиното обликувано тело. Како аксесоар избра црни долги сатенски ракавици.

Анџелина пристигна во придружба со четирите деца: Пакс (14), Захара (12), Шајло (11) и Нокс (9), додека останатите две деца Медокс (16) и Вивиен  (9) ја бодреа својата мајка од нивниот семеен дом.