Анкета: 56 отсто Британци за останување на Велика Британија во ЕУ
Доколку сега се одржи рефермдум за останување или истапување на Велика Британија од ЕУ, мнозинството Британци би се изјасниле земјата да остане дел од Унијата, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета на агенцијата „ЈуГов пул“.
Според ова истражување, доколку се исклучат неопределените и оние што не би гласале, на евентуалниот референдум, за останување на Велика Британија во ЕУ би се изјасниле 56 проценти од анкетираните, додека 44 отсто би биле за Брегзит.
Агенцијата посочува дека ова е највисок процент на поддржувачи на британското останување во ЕУ во една анкета од референдумот за Брегзит во 2016 година.
Од вкупните резултатите, 48 проценти од анкетираните би се изјасниле за останување на земјата во ЕУ, 38 отсто би биле за напуштање, седум проценти се неопределени, а шест отсто не би излегле да гласаат на евентален нов референдум.
Анектата е спроведена вчера, ден по одлуката на британскиот Парламент да го отфрли Договорот за Брегзит, со учество на 1.070 полнолетни граѓани на Велика Британија.