Анкета: Трамп е „расист“, „нечесен човек“ и „ментално неспособен“


Поголемиот број од млади луѓе во САД изјавиле дека американскиот претседател Доналд Трамп е „расист“, „нечесен човек“ и „ментално неспособен“, покажуваат резултатите од најновата анкета изработена по нарачка на Ем-Ти-Ви и Асошиејтед прес.

Анкетата покажува дека најмладите потенцијални гласачи во САД се загрижени од активностите на Трамп како претседател отколку повозрасните Американци.

Според резултатите, 60 проценти од анкетираните изјавиле дека Трамп е „ментално неспособен“, 62 отсто дека е „целосно нечесен“, а 63 проценти посочиле дека американскиот претседател е расист.

Анкетата покажува 33 отсто од Американците на возраст од 15 до 34 години изјавиле дека не се задоволни од неговата работа.