Анкета: Над 40 проценти ќе гласаат „да“ на референдумот


Речиси 41 насто од граѓаните на референдумот ќе гласаат „за“ на прашањето за договорот за името и членството на земјава во ЕУ и во НАТО. Ова го покажа најновата анкета на Институтот за демократија и М Проспект.
Запрашани како ќе одговорите на референдумското прашање, 40,9 отсто од анкетираните рекле дека ќе одговорат „за“, 8,6 проценти „против“, неопределени се 6,3 отсто, а четириесет и два проценти од испитаниците одбиле да одговорат.

Анкетата е теренска и е спроведена од 7 до 25 август, на илјада испитаници, за потребите на ТВ Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка.