(Фото) Андријана Илиоска е Мис на Медитеранот 2018


Андријана Илиоска (18) од Скопје  ја освои титулата Мис на Медитеранот 2018, на интернационален избор за убавина кој се одржа во Киренија, Кипар. Андријана на Кипар замина како членка на модното студио „Црнокрак“, носител на лиценцата за овој избор за Македонија.

„Андријана ја освои титулата, во конкуренција на девојки од речиси сите држави од Медитеранот. Всушност имаше две победнички, со ист број на поени од жири комисијата, нашата Андријана и претставничката на Италија. Ова се случува за прв пат на овој избор, кој се одржува од 2004 година, две девојки да добијат ленти и круни за победа“, ни изјави Мики Црнокрак од модното студио „Црнокрак“.

Ова е петти пат како на овој интернационален избор за убавина победува девојка од Македонија.

„На првиот избор кој се одржа пред 15 години во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати победи Маја Лазаровска. Последниве четири години по ред победи носат: Во 2015 година Симона Станковска, во 2016 Теодора Миљковиќ, лани Евгенија Ризова, и конечно оваа година Андријана Илиоска.

Пред три недели, уште една манекенка, членка на „Црнокак“, освои меѓународна титула. Симона Станковска во Истанбул стана „Мис Глобал Евроазија старс“.