Ангела Меркел го укинува профилот на Фејсбук


Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ќе го затвори својот профил на фејбук затоа што не е повеќе претседател на ЦДУ.

Покрај тоа што има 2,5 милиони следбеници Меркел го гаси профилот, соопшти денеска во видео порака.

Точниот датум на затворање на профилот не го објави. Таа им се заблагодари на следбениците.

„Тие знаат дека не сум повеќе шеф на ЦДУ. Поради тоа ќе го згаснам својот профил“, рече Меркел.

Таа укажа дека и понатаму преку интернет, преку официјалната страна на Владата, ќе комуницира со своите следбеници, но дека нејзините активности ќе можат да ги следат преку Инсатграм профилот.

„Ве молам и понатаму да ја следите мојата работа, сега само како канцелар“, рече Меркел.

Во декември Меркел ја фредаде функцијата претседател на ЦДУ на Анагрет Крамп-Ларенбауер и најави дека нема повеќе да се кандидира за нови политички функции.