Ана Тодоровиќ: Јас го пронајдов безживотното тело на син ми Дејан


Сопругата на актерот Срѓан Тодоровиќ собра сили и за српките медиуми раскажа што се случувало пред два дена кога нивниот тригодишен син ненадејно почина.

Ана вели дека малиот Дејан бил настинат, но ништо не наведувало кон тоа дека ќе се случи трагедија.

– Неколку дена беше настинат, го однесовме и на лекар, му препишаа терапија. Не беше ништо страшно, ниту невообичаено. Мали деца се разболуваат во вакви зимки денови – вели Ана за српските медиуми.

Денот кога Дејан починал се чувтвувал омалакасано и легнал да спие.

– Го оставив во неговата соба и отидов во дневната да испушам цигара. Го оставив да малку подолго да поспие од вообичаено што преспива. Беше настинат, ми беше жал да го разбудам. Но, кога се вратив во собата за да го будам, беше помодрен и не се будеше. Веднаш викнав брза помош, ми се чинеше дека доаѓаат цела вечност. Половина час лекарите се обидуваат да го реанимираат. Медицинската сестра почна да плаче со мене, а лекарот и рече нешто…како не е професионална, но беше страшна ситуација сите бевме потресени – вели Ана.

Срѓан и Ана Тодоровиќ се по десет години во брак, го добија нивниот син Дејан во 2014 година. Тој беше нивниот син единец и актерот често во медиумите изјавуваше дека татковството му го променило животот.

Причините за смртта на малиот Дејан ќе се знаат од резултатите од направената обдукција. Неговиот погреб ќе се одржи во сабота во Белград.