Америка и се смее на Меланија Трамп: Садеше дрво во Лубутанки


САД– Првата дама на САД, Меланија Трамп повторно се најде  „на тапет“  откако посади дрво во градината околу Белата куќа на високи штикли.

На фотографиите кои го обиколија светот таа само ја продолжуваше традицијата востановена од времето на претседателот Роберт Кенеди. Заа оваа пригода избра скапи розеви салонки со потпис на Кристијан Лубутан, наместо со ниски потпетици.

Претходно Меланија предизвика лоши реакции во јавноста поради јакната со натпис „Не ми е грижа, а тебе?”, што ја носеше за време на посетата на центарот за деца имигранти во Тексас.

Јакната за која американските медиуми јавуваат дека чини само 39 долари, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. По тој повод, портпаролката на Меланија изјави дека „нема скриени пораки” кон децата при изборот на облеката на американската прва дама.