Американски генерал тврди дека ИД во Сирија не е поразена


Командантот на американските сили на Блискиот Исток, Џозеф Вотел изјави дека претседателот Доналд Трамп не се консултирал со него за повлекување на војниците од Сирија.

Тој истакна дека изјавата на врховниот командант била изненадување за него.

Трамп во декември најави повлекување на околу 2.000 војници од Сирија, оценувајќи дека џихадистите од Исламска држава се поразени.

– Јас не бев во тек со таа конкретна најава, рече генералот Вотел кој ги предводи американските сили во операциите во Ирак, Сирија, Авганистан и Јемен.

Генералот рече дека Исламска држава не е поразена, бидејќи се уште контролира мала зона од околу 50 квадратни километри во долината на Еуфрат, источна Сирија. Според неговите проценки, во тоа подрачје има меѓу 1.000 и 1.500 борци, а неколку илјади други борци се кријат на други места во Сирија.