Американска компанија ќе ја гради термоцентралата „Ново Косово“


Косовската Влада денеска постигна договор со американската компанија за електрична енергија „Контур Глобал“ за изградба на термоцентралата „Ново Косово“.

Договорот е постигнат на средба на владиното тело задолжено за изградба на објектот, на која прсуствувале и косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претставници на компанија.

– Финансискиот документ ќе биде потпишан на 20 декември, со што во Косово ќе бидат инвестирани 1,3 милјарди евра. Тоа претставува најголема инвестиција во поновата историја на Косово. Со изградбата на оваа термоцентрала ќе се обезбеди енергетска независност за држвата и народот на Косово, стои во соопштението од средбата.

„Контур Глобал“, чие седиште е во Њујорк, беше единствена компанија што достави понуда за изградба термоцентралата со капацитет од 500 мегават часови, која треба да ја замени електраната „Косово А“, стара 40 години.

Изградбата на овој значаен енергетски објект ќе почне догодина, а тој во прозводство треба да биде пуштен во 2023 година. Во перодот на градба се очекува да бидат ангажрани околу 10.000 работнци.

Постигнатиот договор експресно го поздрави косовскиот претседател Хашим Тачи.

– Проектот петставува многу значајна инвестиција за енергетскиот сектор, но и за економскиот развој на Косово. Тоа ќе донесе енергетска стаблност, но и можности во сите други област во економјата, оцени Тачи.

Проектот силно е критикуван од екологистите, кои тврдат дека Косово треба да се откаже од прозводство на електрчна енергија од јаглен и да се сврти кон обновливи извори.

Како одговор на критиките на екологистите, Харадинај неодамна изјави дека централата ќе работи со најсовремена технологија и ќе гарантира доволно енергија за следните дваесет години.